Забава за 47-иот роденден на Ребека

Македонската пејака  Ребека  денес слави роденден. Претседателката на Здружението за деца со посебни потреби „Дајте ни крилја“, полни 47 години. Среќна дека денес е нејзниот ден, вели дека посакува секој ден да е ваков, исполнет со љубов и желби. Ни раскажа  за роденденската прослава.

„Роденденот го прославив и за мене и за децета. Нарачав торта и отидовме во игротека. Со децата. Тие сакаа така. А, мама е среќна кога тие се среќни. Кога станаа сабајле ми велат: ‘Мамо, во која игротека ќе славиш роденден’“, раскажа за “Репортер“ Ребека Јанковска-Ристески.

Таа вели дека сега, откако поминала игротеката, денот ќе тече како и секој друг ден, но дека вечерта таа и сопругот Мики сами ќе прослават.

„Вечер сме сами со Мики, ама ако дојде некој, тука сме за да славиме“, додава  Ребека.

Ребека е мајка на три деца. Изминативе години музиката ја замени со хуманитарна мисија, па целото нејзино внимание е свртено кон подобрување на условите и поддршка на децата со посебни потреби. (А.Г.)

Ребека: Ние тивко умираме

Текстот Забава за 47-иот роденден на Ребека е превземен од Reporter.mk.