Алјаска бил на удар на цунами со бранови од 200 метри

Научниците од Универзитетот во Вашингтон пронајдоа траги на џиновско цунами на Алјаска, чија висина на бран достигнала 200 метри. Нивното истражување е објавено во списанието Scientic Reports и се темели на последните темелни ипитувања на една од ненаселените области на овој регион.

Забележано е дека цунамито го погодило брегот на фјордот Таан на Аљаска на 17 октомври 2015 година. Оваа област е ненаселена, па природната катастрофа не доведе до човечки жртви и остана речиси незабележана.

Причината за цунамито била огромно лизгање на земјиштето, кое се спуштило во морето и предизвикало голем потрес. Таквите цунамија можат да се појават и почесто, бидејќи глечерите се топат низ целиот свет, а огромните бранови на Алјаска го потврдуваат ова.

Научниците веруваат дека ваквите природни катастрофи се особено загрозувачки за земји и региони како Гренланд, Норвешка и Патагонија.

Текстот Алјаска бил на удар на цунами со бранови од 200 метри е превземен од USB.mk.