Откако вчера Слаткар ја промовираше песната „Отвореното писмо“ , се јави и раперот Бизи да му каже дека не живел во шупа, туку дека е половина Бугар половина Србин па затоа пее против земјава.
„Јас сум крв македонска, ти не си, пола Србин пола Б’лгар, врати се дома Леси“, пее Бизи за раперот Слаткар во неговата песна „Запечатено писмо“.
По долгата пауза од музичката сцена, Слаткар се врати со песната „Отворено писмо“ во кое ги третира актуелните социоекономски теми и јавно кажа дека ќе гласа ЗА на Референдумот на 30 септември.
Тој во песната вели „Живееме у шупа, ни фалат евра, никој не не игра, јебига друга опција нема….“.
Текстот Слаткар ти си Бугар, раперот Бизи со контра песна пред референдумот е превземен од Reporter.mk.