Коронавирусот кој од Кина се шири во целиот свет е една од главните вести во последните два месеца. Американските научници сега објавија и многу подетални фотографии од непријателот.
Епидемијата предизвикана од новиот коронавирус веројатно е најголемата вест во 2020 година, а медиумите секојдневно ја следат. Вирусот досега зеде повеќе од 1.400 животи, најмногу во Кина, а се проценува дека во светот се заразени околу 50.000 лица.
Но, освен што веднаш поттикна истражување на потенцијалните лекови и што во сила се глобални кризни мерки за спречување на ширењето на епидемијата, научниците успеаја и да го снимаат овој вирус со многу јаки електронски микроскопи. Тоа го направил тим во американскиот Национален институт за алергиски и инфекциски болести во лабораторијата „Роки Маунтин“ во американската сојузна држава Монтана.
Тие објавија и прилично атрактивна галерија од фотографии добиени од разни микроскопи. Своите снимки ги споделија и на социјалните мрежи.
Овде видливите вируси се изолирани кај еден пациент во САД. На нив може добро да се види обликот на вирусот, како и „издатоците“, односно короните на неговата површина по кои овој вирус и го доби името. На некои снимки се гледаат поединечни примероци од вирусот одгледани во лабораторија, додека на други се помешани со човечки клетки.
Извор: Bug.hr
Текстот Смртоносниот коронавирус снимен под електронски микроскоп е превземен од USB.mk.