(Галерија) Миле Кузмановски ги заспа скопјани на „Вино фест“

Фолк пејачот Миле Кузмановски ги заспа скопјани на затворањето на фестивалот  „Вино фест“ кој вечерва се одржува во Скопје. Неговата популарна “Не каниме“, која е главен хит по кафеани, не се погоди како добар избор вечерва, каде на отворениот паркинг пред Веро центар се собрани љубителите на виното и музиката. Кој зева, кој гледа во телефонот, додека популарнит фолк пејач се обидува со „Јовано , Јованке“ да ја разбие монитонијата. По настапот на Миле, треба да пеат „Куку леле“. Публиката коментира дека тие ќе направат штимунг, вечерва пред Веро центар.

Првиот ден на фестивалот настап имаа  „Љубојна“ и „Фолтин“. Вториот ден  Игор Џамбазов и Јаков Дренковски. На Вино фест настапија и Влатко Стефановски,  Тони Китановски и Черкези оркестар. Фестивалот  завршиува  со настапите на групата „Куку леле“ и на фолк-пејачот Миле Кузмановски. Диџеј сетови во овие четири дена  имаа Чваре, Флудер, Дарко Марковски и Маци. “Вино фест“ почна на 12 септември, а завршува вечерва.

Текстот (Галерија) Миле Кузмановски ги заспа скопјани на „Вино фест“ е превземен од Reporter.mk.