Централната банка на Шведска тестира техничко решение за национална дигитална валута – електронската круна. Ова е едногодишен пилот-проект базиран на блокчеин технологија, велат од финансиската институција.
Партнерот на Riksbank во проектот е Accenture, а техничкото решение ќе се заснова на Distribution Ledger Technology (DLT), позната и како блокчеин. Целта е „да се создаде дигитална круна во изолирана средина за тестирање што ќе биде едноставна и лесна за корисниците“ и „да се прошират знаењата на банката за дигиталната круна“.
Се претпоставува дека електронската круна може да ги дополни обичните пари. Треба да биде едноставна и лесна за употреба од страна на корисниците и да исполнува критични барања за безбедност и брзина за работење.
За да потврдат дека дигиталната круна ги исполнува овие барања, експертите ќе го оценат техничкото решение во тест опкружување во кое учесниците – обични корисници и банки – ќе бидат компјутерски модели.
Корисниците, симулирани во тест околина, ќе можат да заштедат електронски круни во дигитален паричник, да вршат плаќања, да наплатат сметки и да повлекуваат средства преку мобилна апликација. Тие, исто така, ќе можат да плаќаат со користење на преносни уреди.
Пилот-проектот ќе трае една година – до крајот на февруари 2021 година, со можност за продолжување и натамошно развивање на техничкото решение. Riksbank објаснува дека сè уште не одлучила дали да издаде електронска круна и не ја избрала соодветната технологија.
Текстот Шведска тестира решение за национална дигитална валута е превземен од USB.mk.