Компанијата Space X на Елон Маск објави дека првиот „туристички“ патник кој ќе лета околу Месечината е јапонскиот милијардер, 42-годишниот Јусаку Мазава.
Мазава, кој се занимава со модна индустрија, според планираното треба да полета кон Месечината во 2023 година со ракетата „Голем сокол“, промовирана од Маск во 2016 година.
Мисијата ќе биде прва човечка посета на Месечината по слетувањето на мисијата Аполо 17 на НАСА во 1972 година.
I choose to go to the moon, with Artists. #dearMoon https://t.co/ivMypEcWBZ
— Yusaku Maezawa 前澤友作 (@yousuck2020) September 18, 2018
Мазава стана препознатлив минатата година откако минатата година плати 110,5 милиони долари за слика на уметникот Жан Мишел Баскија на аукција во Њујорк. Уметничкиот ентузијаст најави дека на неговото патување до Месечината ќе покани шест до осум уметници од целиот свет да му се придружат во вселената.
„Од нив ќе се очекува да создадат нешто кога ќе се вратат на Земјата. Тие ремек-дела ќе ги инспирираат фантазиите на сите од нас“, рекол Мазава пред новинарите.
Месечината досега ја посетиле вкупно 24 луѓе, сите од нив Американци. Дел од Аполо мисиите орбитирале околу земјениот природен сателит без да слетаат, како што ќе биде случај и со „Спејс Икс“ мисијата.
Мисијата, сепак, ќе зависи од ракетата која сè уште не е направена, а Маск има изјавено дека „не е 100 проценти сигурен дека таа ќе може да полета“.
Текстот Јапонски милијардер ќе биде првиот турист на Месечината е превземен од USB.mk.