Меколи Калкин ќе глуми во десеттата сезона во американска серија „Американска хорор приказна“. Продуцентот Рајан Марфи ги откри улогите за следната сезона на FX хоророт.
Ќе глуми Сара Паулсон, глумецот Еван Петерс, кои во серијата се појавија и минатата сезона, пишува „Холивуд репортер“. Меѓу останатите, во серијата ќе се појави и глумецот Меколи Калкин, кому раната актерска кариера му донесе слава на светско ниво. Најмногу се прослави во улогата на „Сам дома“.
„Сакам да глумам. Уживам кога сум на сетот“, изјавил Калкин, кој уште на 15 години успеа своето богатство да го зголеми на 17 милиони долари.
Калкин се повлече од светот на глумата поради проблемите кои ги имаше со дрогата, за која трошеше многу пари.
„Толку сум богат што можам цело време да седам со прстот во задникот и да гледам телевизија, но и понатаму ќе имам доволно пари за факултет за да ги школувам моите деца“, изјавил Калкин за медиумите.
Глумецот нема деца, но има пропаднат брак со Рајчел Минер, со која се разведе во 2002 година, и осумгодишна врска со глумицата Мила Кунис. Тој од летото 2017 година е во врска со американската глумица Бренда Сонг.
Текстот Меколи Калкин пак ќе глуми е превземен од Reporter.mk.