Роверот на NASA, Curiosity на Марс сликаше мистериозна “аномалија” која се се наоѓа во аголот на панорамската фотографија на која е гребенот Вера Рубин.
Структурата е откриена брзо, а “ловците на вонземјани” за неа веќе зборуваат како за доказ на вонземски живот.
Меѓутоа, додека некои се надеваат дека станува збор за објект кој претставува база на вонземјани, најверојатно се рабoти за некој вид на рамен рид, структури кои постојат и на Земјата што значи дека Црвената планета има услови што можат да се споредат со оние на нашата планета.
„Објавивме панорамска фотографија пред неколку дена. Тенок слој прашина се гледа на Curiosity, а тоа е резултат на бура која ја зафати Марс летово. Темното небо покажува дека прашината сè уште била во атмосферата во август, кога камерата на Curiosity ја направи фотографијата“, соопштија од НАСА.
За разлика од Curiosity, роверот Opportunity не е активен на Марс откако силна бура која ја прекри површината на Црвената планета.
Извор: Klix.ba
Текстот Роверот Curiosity фотографираше мистериозна структура на Марс (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.