Актерот Џони Деп покрена тужба против издавачката куќа и главниот уредник на британскиот таблоид „Сан“ во врска со статија во која се вели дека тој ја тепал поранешната сопруга Амбер Херд.
Холивудската ѕвезда во средата се појави во судот во Лондон, каде се води судски процес во врска со семејното насилство и обвинувањата за семејно насилство покренати од страна на Амбер. Британскиот таблоид објави статија со свои коментари за наводната тепачка на холивудската двојка.
Деп, (55) ги тужи News Group Newspapers, издавачката куќа на таблоидот „Сан“ и главниот уредник Ден Вутон за клевета. Глумецот тужи затоа што главниот уредник во 2018 година, во статијата го нарекол Деп „тепач на жени“.
Самиот Деп присуствуваше на првиот ден од предистражната постапка во Високиот суд. Процесот ќе почне на 23 март и ќе трае две недели. И двајцата, Деп и Херд, меѓусебно се обвинуваат за физичко насилство додека беа во брак. Херд прва започна со обвинувањата во 2016 година, а Деп ги негираше.
„Еден од нив лаже, и тоа многу“, се вели во аргументите поднесени од страна на адвокатите на Деп и подоцна дистрибуирани до новинарите.
„Многу е важно ова судење за клевета да покаже дека наводите за семејно насилство се чиста измислица.“
Текстот Џони Деп го тужи британски „Сан“ за клевета е превземен од Reporter.mk.