Откако одбија да патуваат во Дизниленд, семејството на деветгодишниот Квејден Бејлс ги одби и собраните пари од хумани граѓани. Бејлс беше момчето кое сакаше да се убие, заради насилството кое го доживуваше од неговите соученици. Семејството вели дека сака парите да ги донира во добротворни цели.
„Сакаме да ги дадеме парите на организации на кои им се потребни. Имаме желба да го видиме Дизниленд, но веруваме дека на овој начин нашата заедница ќе добие повеќе“, рече мајката .
Мајката на Кевин објави видео од нејзиниот син, кој плаче и вели дека сака да се убие, затоа што не сака повеќе да ја доживува тортурата која му ја вршат неговите врсници во школо. Квејден е момче со мал раст. Неговата мајка Јарака Бејлс на „Фејсбук“ објави видео и им порача на сите родители што се случува секојдневно низ школите.
Бејлс е роден со дијагноза на џуџеста ахондроплазија, нарушување на растот на коските, поради што големината на торзото е вообичаена, но екстремитетите се многу пократки од просечните. Видеото предизвика голема реакција низ свет. Деветгодишното момче доби поддршка од голем број светски познати личности и луѓе.
Беа собрани 308.000 американски доалри, преку интернет кампањата која беше покрената за него и неговото семејство да патуваат во Дизниленд.
Текстот Семејството на детето кое сакаше да се самоубиe, одби и Дизниленд и пари е превземен од Reporter.mk.