Холивудската двојка Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс се разведуваат, пишува американскиот магазин „Старс“ повикувајќи се на извори блиски до семејството. Според нив Кетрин е несреќна во бракот и наскоро би можела да побара развод и да го напушти Даглас.
„Кетрин веќе со години е несреќна и се обидува да остане со Даглас само поради децата. Се обидува да го држи семејството заедно. Сега кога Кирк повеќе го нема, а децата се пораснати, нема потреба да остане со Мајкл“, вели изворот.
Кетрин му беше најголемата поддршка на Кирк за време на неговата кариера. Таа сега сака да се посвети на нејзината кариера, објаснува изворот.
Кетрин и Мајкл се во брак од 2000 година и заедно ги имаат синот Дилан (19) и ќерката Керис (16). Таткото на Мајкл, Кирк Даглас кој неодамна почина, имотот од 60 милиони долари не го остави на синовите. 50 милиони долари ги подари во хуманитарни цели а се уште не се знае што ќе се случи со останатите 10 милиони.
Текстот Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас се разведуваат е превземен од Reporter.mk.