Ќе се жени Дарко Лазиќ

Српскиот пејач Дарко Лазиќ ќе се жени со неговата вереница Марина Гагиќ. Двајцата велат дека планираат голема свадба со над 800 гости. Пред свадбата велат дека планираат да направат крштевка на нивнот син Алексеј.

„Планот им е прво да направат крштевка на 24 јули. На свадбата планираат да поканат голем број луѓе. Ќе им биде потребна сериозна организација. Сеуште бараат простор и место каде можат да го изведат она што го замислиле. Дарко сакаше и свадбата и крштевката да се случат на ист ден, но немаат време“, открива извор близок до пејачот за „Блиц“.

На свадбата е планирано да биде и ќерката на Лазиќ, Лорена, која пејачот ја има од бракот со Ана Севиќ.

 

 

 

Текстот Ќе се жени Дарко Лазиќ е превземен од Reporter.mk.