Спилберг повеќе нема да го режира „Индијана Џонс“

Познатиот режисер Стивен Спилберг повеќе не сака да биде режисер на филмот „Индијана Џонс“. Тој се откажа од режирање на петтиот дел од франшизата, пренесува „Варајети“.

Спилберг првиот филм со Харисон Форд во главната улога го сними пред 39 години. Со овој лик, Форд се прослави. Спилберг сега сака режисерската работа да му ја препишти на некој помлад.

Најмногу шанси да го замени Спилберг, медиумите му даваат на режисерот на филмот „Форд против Ферари“, Џејмс Манголд. Медиумите пренесуваат дека преговорите за тој да седне на режисерското место се во тек.

 

 

Текстот Спилберг повеќе нема да го режира „Индијана Џонс“ е превземен од Reporter.mk.