Сателитот RemoveDebris за првпат ја испружи својата мрежа за да собере вселенски отпад, објави BBC.
Мрежата на сателитот RemoveDebris успешно ја заврши мисијата за отстранување на милиони остатоци кои се наоѓаат во орбитата на Земјата. Освен мрежата, сателитот ќе користи и харпун за отстранување на вселенскиот отпад. Во орбитата на Земјата има скоро 7.5 милиони тони вселенски отпад, од стари компоненти на ракети и сателити до мали алати кои им испаднале на астронаутите.
Отпадот претставува проблем бидејќи се лансираат сè повеќе летала со што се зголемува ризикот од судири. Вселенскиот отпад може да биде пречка за сателититите, а судирите можат негативно да влијаат на телефонските и телевизиските сигнали. Неодамна беше оштетена и Меѓународната вселенска станица.
За кратко време RemoveDebris ќе тестира нов систем на камера која ќе детектира вселенски отпад.
Извор: Klix.ba
Текстот Сателитот RemoveDebris прв пат отстрани вселенски отпад е превземен од USB.mk.