Џесика Симпсон третпат бремена

 

Американската пејачка и дизајнерка Џесика Симпсон објави дека е трудна. Таа и нејзиниот сопруг Ерик Џонсон објавија на социјалните мрежи дека ќе станат родители по третпат и дека Џесика носи девојче. „Изненадување. Ова мало девојче ќе биде петти член на нашето семејство. Не можеме да бидеме посреќни поради овој благослов“, напиша Симпсон на „Инстаграм“. Таа има ќерка Дру на шестгодишна возраст и син Ејс (2).

Текстот Џесика Симпсон третпат бремена е превземен од Reporter.mk.