Полубратот на Меган Маркл ја обвини сопругата на Хари, дека поради неа не може да најде работа. Томас Маркл помладиот ја обвини својата полусестра затоа што ја изгубил и претходната работа и затоа што станал бездомник.
Томас во едно од своите интервјуа објаснил како ја изгубил работата и дека не може да добие нова, затоа што сите знаат дека е роднински поврзан со Меган. Во еден момент размислувал и да го промени презимето. Томас вели дека тоа што е роднински врзан со Меган е еден вид на проклетство.
„За момент станав бездомник заради Меган. Малку фалеше да завршам да живеам под мост и да станам просјак. За среќа мојата мајка ме прими кај неа“, изјавил Томас.
Томас беше уапсен минатата година во Орегон, поради сомнение дека возел под дејство на алкохол, пренесува „Дејли Мејл“. Според полицискиот записник, тој бил пијан кога го запреле. Бил уапсен и во 2017 година, Тогаш бил обвинет дека бил пијан и дека ѝ се заканувал со пиштол на една жена.
Текстот Не може да се вработи поради Меган Маркл е превземен од Reporter.mk.