Животната приказна за легендарното комично дуо Станлио и Олио е инспирација за филмот Stan and Ollie. Објавен е првиот трејлер, а премиерата е закажана за јануари 2019 година.
Филмот го следи животот и делото на Стен Лорел (Стив Куган) и Оливер Харди (Џон Ц. Рајли), додека се на турнеја во Велика Британија во текот на подоцнежниот период на нивните кариери.
Турнејата не се одвива според очекуваното, а филмот ја раскажува онаа другата, непозната страна на нивната кариера. Филмот е во режија на Џон С. Берд и идниот месец ќе биде прикажан на Филмскиот фестивал во Лондон.
Текстот (Видео) Прв трејлер за Станлио и Олио е превземен од Reporter.mk.