Ѓоковиќ ужива во сарма, ајвар и кисела зелка

По освојувањето на турнирот во Дубаи, најдобриот светски тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ се врати во Србија. Заедно со сопругата Јелена беа во обиколка на земјата.

Двајцата обожуваат планинарење, па ја искористиле приликата да прошетаат на планината Ртањ. Српски „Телеграф“ информира дека брачната двојка Ѓоковиќ ги воодушевиле вработените во хотелот во кој биле сместени.

Шефот на кујната во хотелот бил воодушевен што можел да подготви храна за еден од најголемите спортисти.

„Повеќето вработени имаа можност да разговараат со Новак и Јелена. Покрај сите турнири и награди, тој е неверојатно природен и културен, па навистина го заслужува местото на кое во моментов се наоѓа, на врвот. Како и сите успешни спортисти, семејството Ѓоковиќ се храни здраво и квалитетно. Се трудевме да им ги задоволиме
вкусовите. Уживаа во домашните специјалитети, како сарма, сармички од лозов лист, ајвар, кисела зелка“ – рече главниот готвач.

Текстот Ѓоковиќ ужива во сарма, ајвар и кисела зелка е превземен од Reporter.mk.