Вревата годишно убива 12.000 Европјани

Секој петти жител на Европа е изложен на претерана врева. Овој проблем во наредните пет години ќе стане уште поизразит поради засилениот сообраќај и урнабизација, велат од Европската агенција за природна средина (ЕЕА).

Во соопштението кое го испратиле до јавноста е наведено дека во моментов, на долгорочното високо ниво на врева од сообраќајот во Европа се изложени околу 113 милиони луѓе.

Забрзаната стапка на урбан раст значи дека сè поголем број на луѓе се изложени на високо ниво на врева. И покрај напорите овој проблем да се регулира, секојдневно речиси по 70 милиони Европјани, само поради сообраќајниот метеж, се изложени на ниво на врева кое надминува 55 децибили.

Според препораката на Светската здравствена организација, за квалитетен ноќен сон, постојаната врева не би смеела да надмине 30 децибили, а поединечната врева 45 децибили.

Долготрајното изложување на преголема врева во Европа, годишно предизвикува 12.000 предвремени смртни случаи, велат од Европската агенција за природна средина (ЕЕА).

Текстот Вревата годишно убива 12.000 Европјани е превземен од Reporter.mk.