Во новиот документарец кој треа да излезе наскоро, Бил Клинтон раскажа за аферата која ја имаше со неговата поранешна соработничка Моника Левински. Бил и Хилари Клинтон заедно открија детали од скандалот кој го потресе целиот свет. Тогашн американскиот претседател, беше во љубовна врска со асистенката Моника Левински.
„Не размислував за ризикот“, кажал Клинтон кој објаснил дека влегол во аферата затоа што му требало нешто да се опушти и да му ги тргне проблемите од главата.
Клинтон раскажа како се запознале со Моника и што се морале да поминат со неговата сопруга Хилари откако јавноста дозна за секс-скандалот. Тој вели дека тоа речиси му ја уништила кариерата, но истовремено му помогнала да се избори со анксиозноста и притисокот кој ги чувствувал додека ја вршел функцијата претседател на САД.
„Се чувствував како боксер кој во рингот поминал 30 рунди“, изјавил Клинтон.
Поранешниот претседател во еден момент наиде на згрозување кај јавноста, кога изјави дека не чувствувал потреба да ѝ се извини на Левински. Последен пат за нивната врска Клинтон зборуваше во 2018 година. Овој пат јавно ѝ се извини и кажа дека му е жал што Моника станала позната во светот, поради нивната афера.
Клинтон откри и детали од неговиот брак. Што сè поминале тој, неговата сопруга Хилари и неговата ќерка Челзи во тие моменти. Вели дека тешко му паднало и тоа што морал да оди на брачно советување.
„На Хилари ѝ ги раскажав сите детали од мојата афера. И кажав дека се чувствувам лошо и дека тоа што го направив е непростливо. Претрпевме многу низ изминатите неколку години“, изјавил Бил Клинтон.
И Хилари говореше јавно пред камерите и објасни дека во тие моменти се чувствувала лошо, дека била скршена и дека не можела да поверува во тоа дека нејзиниот сопруг го довел бракот пред распад.
„Покрај тоа што ме повреди мене, ја повреди и нашата ќерка Челзи. Му кажав дека ќе мора и на нејзе да ѝ објасни за тоа што му го направи на целото семејство“, изјавила Хилари.
На прашањето зошто го ризикувал бракот, семејството и кариерата, Клинтон во документарецот објаснил дека во тие моменти воопшто не размислувал за тие работи. Како што вели, притисокот од тоа што бил претседател бил преголем и му требало нешто од кое ќе се опушти.
Текстот (Видео) Бил Клинтон јавно ѝ се извини на Моника Левински за аферата е превземен од Reporter.mk.