Познатиот американски глумец и пејач Џаред Лето доживеа незгода додека се искачувал на планината Ред Рок во Невада. На 200 метри надморска височина му се скинало едно од јажињата, но за среќа Лето успеал да се спаси.
„Не сакам премногу да драматизирам, но денес за малку ќе загинев“, напиша пејачот и објави фотографија и снимка додека се искачувал на планината.
Лето објаснил дека во тие моменти имал помешани чувства на страв и мелахолија, а адреналинот го почувствувал подоцна.
„Се извлеков и дочекав уште еден ден. Всушност беше забавно и ќе продолжам со планинарење“, напишал Лето на „Инстаграм“.
Текстот (Видео) На Џаред Лето му се скина јажето додека се качуваше на планина е превземен од Reporter.mk.