(Галерија) Македонски балерини освоија 7 златни медали на првенството во Москва

Петнаесет балерини од балетското студио „Арт балет“ викендов освоија 7 златни, 5 сребрени и 1 бронзенa медала на Европското првенство по танц во Москва. Првенството во Русија беше организирано од Светската артистичка танцова федерација (WADF).

Балерините  на возраст од 8 до 17 години ги водеше балетскиот педагог Тамара Ѓурчиновска. На Европското првенство во Москва учествуваа  над 22 држави од Европа и други континенти, 104 балетски студија и повеќе од 7000 натпреварувачи.

Балетското студио „Арт “ втора година по ред ја претставува Македонија на Европското првенство по танц во Москва.  И лани победија на Европското првенство кога освоија три златни, еден сребрен и еден бронзен медал во модерен балет, џез балет и акробатика.

Текстот (Галерија) Македонски балерини освоија 7 златни медали на првенството во Москва е превземен од Reporter.mk.