Фудбалската ѕвезда Роналдињо во моментов го минува најтешкиот период во својот живот. Тој се наоѓа во затвор во Парагвај со некои од најпознатите криминалци и дилери.
На социјалните мрежи се појави негова фотографија направена во затворот, на која тој е со препознатливата насмевка. Бразилецот и покрај тешкиот период се обидува да остане расположен, пишуваат медиумите.
Тој беше уапсен на аеродромот со неговиот брат, кој му е и менаџер, Роберто де Асис Мореира. Првите фотографии од нив беа направени во судницата. Роналдињо ги покри рацете со пешкир за да ги сокрие лисиците.
Двајцата се наоѓаат под истрага поради фалсификување патни документи, со кои нелегално се обидоа да влезат во земјата. Од слобода лишена е и Далија Лопез, позната претриемачка во Парагвај, која го ангажирала Роналдињо како заштитно лице во нејзината фирма.
Наводно таа им ги обезбедила лажните документи. Медиумите во Парагвај пишуваат дека против неа се води постапка и за затајување данок и перење пари. Таа не е единствената која е вмешана во случајот. Медиумите во Парагвај ја споменуваат и Вилмондес Соуза, која со Лопез го чекала Роналдињо на аеродром.
И Соуза се сомничи дека е вмешана во издавањето лажни документи. Во домашен притвор се наоѓаат и Мариа Изабел Гајосо и Есперанза Аполонија Кабаљеро.
Текстот (Фото) Роналдињо насмеан меѓу опасните дилери и криминалци е превземен од Reporter.mk.