Филмот „Џејмс Бонд“ добива нов режисер

Кери Џоџи Фукунага доаѓа на местото на Дени Бојл и тој ќе го режира најновиот „Џејмс Бонд“. Режисерот Бојл, минатиот месец се откажа да го режира филмот поради „разлики во креативноста на тимот“. Продуцентите Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи не штедеа на пофални зборови кога говореа за Фукунага, додавајќи дека режисерот е полн со идеи богати со разноликост и иновативност.

Неговиот последен проект „Манијак“ е мрачна комедија, а главните улоги ги толкуваат Ема Стоун и Џона Хил.

Фукунага исто така стои и зад третата сезона на „Вистински детектив“. Крими-драмата доби успешни критики, а Фукунага во 2014 доби награда „Еми“.

Покрај овие серии, Фукунага се јавува како режисер на филмот „Ѕверки без нација“, со Идрис Елба во главната улога.

Текстот Филмот „Џејмс Бонд“ добива нов режисер е превземен од Reporter.mk.