Се очекува дека првиот модел на најновиот бомбардер ќе полета 2025-2026 година, додека сериското производство ќе почне до крајот на 20-тите години.
Германскиот магазин „Штерн“ објави материјал посветен на рускиот перспективен систем за стратешката авијација.
Авторот на статијата истакнува дека во текот на последните неколку години Русија се занимава со модернизација на своите Вооружени сили. Новинарот смета дека руската страна ги надминува Европа и САД во поглед на развој на хиперсонично оружје.
Притоа во материјалот се наведува дека руските бомбардери Ту-95, Ту-160 и Ту-22М, кои треба да ги истрелуваат најновите ракети, се мошне стари и дека не поседуваат стелт технологии.
Ваквата ситуација би требало да ја промени ПАК ДА, проектот над кој од 2014 година работи конструкторското биро „Туполев“. Авторот истакнува дека не треба да се потпира на достапните слики на авионот. Авионот веројатно ќе има два мотора, а неговата конструкција ќе се потпира на принципот на летачко крило.
Се очекува дека првиот модел на најновиот бомбардер ќе полета 2025-2026 година, додека сериското производство ќе почне до крајот на 20-тите години.
ПАК ДА ќе може да исполнува задачи за пробој на противвоздушната одбрана на непријателот и лансирање нуклеарни ракети во случај на масовен конфликт. Како главно вооружување авионот ќе го користи хиперсоничниот систем X-47M „Кинжал”.
Извор: Russia Beyond
Текстот Во Германија воодушевени од рускиот проект на бомбардерот ПАК ДА е превземен од USB.mk.