Светскиот модел Наоми Кембел (49) исплашена од коронавирусот облече заштитен костум. Кембел вели дека обожава да патува и ги презела сите мерки против опасниот вирус.
Со очилата на себе, сината маска на лицето и розовите хируршки ракавици, малкумина можеле да ја препознаат на аеродромот. Кембел пред да седне вели дека го дезинфицирала седиштето во авионот со кој патувала.
Кембел често на социјалните медиуми споделува методи за хигиенска заштита и вели дека здравјето е најважно.
„Безбедноста е на прво место на повеќе нивоа. Наскоро планирам да објавам и видео на Јутјуб“, напиша таа на „Инстаграм“.
Светскиот модел објасни дека сака да патува и дека нема да се откаже од тоа, но секогаш внимава на безбедноста на своето здравје и тоа го советува и на другите патници.
Текстот (Галерија) Наоми Кембел исплашена од коронавирусот во заштитен костум на аеродром е превземен од Reporter.mk.