Глумецот Кори Фелдман во новиот документарец кој се занимава со животот на неговиот починат другар и актер Кори Хајм пак го обвини Чарли Шин за педофилија, пренесува порталот Enews.
Фелдман тврди дека во 1989 година Шин го силувал Хајм за време на снимањето на филмот „Лукас“. Фелдман, кој целиот свој живот го посветил говорејќи за педофилијата во шоу-бизнисот, во документарниот филм ги набројал имињата на сите мажи кои ги злоупотребувале него и Хајм додека биле малолетни.
Тој објаснил дека Хајм му се доверил и детално му раскажал што е тоа што Шин му го правел.
Чарли Шин, како што пренесува Huffpost, ги негира ваквите обвинувања, тврдејќи дека се болни и изопачени. Тој вели дека никогаш не го повредил Хајм, а како доказ за тоа ги навел изјавите на мајката на Хајм, Џуди, која во повеќе наврати застанала во негова одбрана.
Ваквите обвинувања се ширеа низ години, а Шин уште на почетокот го тужеше магазинот кој прв ги објави ваквите обвинувања уште во 2017 година. На крајот глумецот ја отфрли тужбата, а портпаролот на магазинот наведе дека двете страни пријателски се спогодиле надвор од судот.
Кори Хајм никогаш јавно не откри дека Шин го силувал. Тој почна на 38 години од воспаление на белите дробови.
Текстот Кори Фелдман во нов документарец пак го обвини Чарли Шин за педофилија е превземен од Reporter.mk.