Blue Origin претстави нова ракета (ВИДЕО)

Компанијата Blue Origin во 2018. година доби 500 милиони долари за развивање на New Glenn ракетата, која би можела да лета до одредени точки во вселената и повтоено да се враќа на матичната планета.

Како инспирација послужи ракетата Falcon Heavy на компанијата Space X, а во последните две години не се слушна многу за проектот, се додека компанијата пред неколку дена не подели нови информации.

Заинтересираните можеа да видат дека во прашање е ракета, која според димензиите ги надминува сите актуелни ривали, а посебно кога е во прашање предниот дел на ракетата, чии димензии во иднина би можеле да овозможат и транспорт на поголеми сателити. Покрај тоа се претставени и BE-3U мотори, кои се успешно тестирани, така што експерите кои работат на проектот сега можат да се концентрираат на хардверот.

Првиот тест лет е се уште далеку, а се претпоставува дека New Glenn, кога еднаш ќе полета, ќе биде сериозна конкуренција на ракетата Falcon Heavy, а во план е и поголемо летало на New Armstrong, кое ќе стане директна конкурецијат Starship ракетата на SpaceX.

 

Текстот Blue Origin претстави нова ракета (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.