Фамилијата на Оливер со јавно предупредување за злоупотреба на името на славниот пејач

Семејството на Оливер Драгојевиќ јавно им се обрати на сите оние кои се обидуваат да заработат злоупотребувајќи го името на хрватската музичка легенда.

„ Семејството на Оливер Драгојевиќ со ова се обраќа до јавноста, како и до сите кои во негова чест сакаат да организираат какви било настани во негово име и уметничкото творештво да го користат за свои цели. Законот за заштита на личните податоци на Европската унија го штити поединецот во врска со слободниот пренос на такви податоци и секое неовластено користење и обработка на личните податоци се смета за противправно„, се вели во соопштението објавено и на Фејсбук.

Посебно се нагласува тенденцијата за користење на името на Драгојевиќ во комерцијални цели.

„Љубезно ве замолуваме личните податоци на господин Оливер Драгојевиќ, посебно неговото име, да не го користите за промоција, маркетинг, концерти, приредби и слични настани, без претходно писмено одобрение од неговото семејство, бидејќи уметничката вредност на неговото име е и неизоставен дел, како од нас самите, така и од севкупното хрватско музичко наследство„, се додава во објавата.

Текстот Фамилијата на Оливер со јавно предупредување за злоупотреба на името на славниот пејач е превземен од Reporter.mk.