Поранешната девојка на Џејмс Бонд заразена со коронавирус

Поранешната девојка на Џејмс Бонд, глумицата Олга Кириленко е позитивна на коронавирус, пренесува „Дејли мејл“. Вирусот и бил дијагностициран откако таа се пожалила на замор и зголемена температура. Во моментов Олга се наоаѓа во изолација.

„Се заклучив во својот дом откако дознав дека сум позитивна на коронавирусот. Болна сум веќе недела дена. Имам температура и уморна сум. Тоа се симптомите. Внимавајте на себе и сватете го ова сериозно“, напиша таа на социјалните мрежи.

Последниот филм на кој Олга работеше беше трилерот The Bay Of Silence. Наскоро би требало да излезе и филмот The Hunting, во кој таа исто така глумим.

Олга глумеше со Даниел Крег во филмот „Зрно утеха“, во 2008 година, како таен агент Камила Монтес.

Од светските селебрити исто така заразени се Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон, која исто така се наоѓа во изолација. Манекенката Хајди Клум исто така се самоизолираше затоа што се сомнева на коронавирус, иако сеуште ги нема добиено резултатите од тестирањето.

Текстот Поранешната девојка на Џејмс Бонд заразена со коронавирус е превземен од Reporter.mk.