Samsung во еден од водечките светски научни магазини Nature Energy објави студија за цврсти батерии со високи перформанси.
Батериите базирани на револуционерна технологија на корејската компанија може да се користат и за електрични возила. За разлика од конвенционалните литиум-јонски единици, кои користат течни електролити, технологијата на Samsung користи цврсти.
Суштината е во тоа што, цврстите батерии во исти димензии имаат поголем капацитет од литиум-јонските. Сепак, литиум металните аноди, користени во цврстите батерии, имаат тенденција да формираат дендрити, што го намалува нејзиниот животен век и ја загрозува безбедноста. За да се справи со овој проблем, истражувачките тимови на Samsung во Samsung Advanced Institute for Technology (SAIT) и Samsung R&D Institute Japan (SRJ) предложиле употреба на сребро-карбонатни композитни слоеви за анодата.
Употребата на сребро-карбонатна анода резултирало со подобрена безбедност, поголем капацитет и подолг век на траење на батеријата. Благодарение на помалите димензии (5 мм), сребро-карбонатната анода, исто така, им овозможува на истражувачите да постигнат многу поголема густина на енергија (до 900 Wh/L) во истиот волумен или да направат батерии 50% помали од конвенционалните литиум-јонски единици.
Samsung тврди дека нивната нова технологија за батерии ќе им овозможи на електричните автомобили автономија до 800 километри, со животен циклус од над 1.000 полнења. Корејскиот гигант се чини дека е прилично сериозен во тоа да остави силен белег на пазарот на електрични автомобили во наредните години. Компанијата веќе го припои Harman, така да располага со експертиза во областа на дигиталното поврзување помеѓу возилата.
Донгмин Им, раководител на SAIT Next Generation Battery лабораторијата и лидер на проектот, вели:
„Производот на ова истражување може да биде семето на експанзија на технологија за побезбедни и поефикасни батерии на иднината. Напредувајќи, ние ќе продолжиме да развиваме и усовршуваме материјали за цврсти батерии, како и производствена технологија, за да помогнеме во донесување иновација во областа на батерии за електрични автомобили на повисоко ниво “.
Извор: Додај Гас
Текстот Револуционерните цврсти батерии на Samsung би можеле да се користат и во возилата е превземен од USB.mk.