Поранешната манекенка Жизел Бундшен и нејзиниот сопруг американски фудбалер Том Брејди биле снимени за време на одморот на плажите во Костарика. Двојката на им обрна внимание на папараците и уживаа во секој момент на една од најубавите плажи во Јужна Америка.
Некогаш најплатената манекенка на светот, која беше 14 години прва на листата со најголема заработка, сега е на прагот на четириесетитте години, но сеуште ја има задржано топ формата по која беше препознатлива во дваесетитте години, пишуваат американските медиуми.
Том Брејди беше еден од најуспешните играчи во американскиот фудбал на сите времиња. И тој со неговиот изглед ѝ парира на неговата партнерка. Многу жени во Америка ѝ завидуваат на Бундшен поради Брејди. Брејди неодамна престана да игра за „Њу Ингланд патриотси“, клуб на кој му беше верен во текот на целата кариера.
Текстот (Фото) Жизел Бундеш и Том Брејди уживаат на плажите на Костарика е превземен од Reporter.mk.