SpaceX го прекина лансирањето на Falcon 9 во последна секунда

Компанијата SpaceX буквално во последна секунда го откажа лансирањето на ракетата Falcon 9.

Секоја функција на ракетата се следи со компјутери и со контролори кои внимателно ја следат секоја промена, така што не е необично SpaceX понекогаш да го одложи лансирањето, но последното откажување се случи буквално во последна секунда.

Спикерот го заврши одбројувањето, а кога часовникот покажа „0“, повика „полетување“, но брзо додаде „откажано е“, бидејќи стана јасно дека ракетата нема да биде лансирана.

Лансирањето е прекинато автоматски откако компјутерот детектира проблем со Merlin 1D моторот. Супервизорот Мајкл Ендрус во текот на коментирањето рече дека се работи и за проблеми на силата на моторот.

SpaceX новиот датум ќе го објави дополнително.

Ако беше успешно, ова лансирање ќе беше рекордно петто во кое главниот бустер на ракетата е користен пет пати. Целта е да се лансираат 60 нови  сателити дизајнирани да овозможат поевтин пристап до интернет во оддалечените делови на светот.

Извор: Klix.ba

Текстот SpaceX го прекина лансирањето на Falcon 9 во последна секунда е превземен од USB.mk.