Глумецот Џаред лето вели дека не знел за коронавирусот се до сега. Тој 12 дена бил во пустина и времето го минувал во тивка медитација. За целата ситуација тој се огласи на својот „Инстаграм“ профил.
Иако целиот свет зборува за пандемијата со коронавирусот, кој се шири постојано, има и такви кои штотуку сега се освестија за тоа што се случува. Глумецот и фронтменот на бендот 30 Seconds вели дека е во шок откако слушнал дека светот се соочува со опасен вирус.
„Пред 12 дена почнав тивка медитација во пустината. Бевме целосно изолирани. Немавме мобилни, комуникација и слично. Немавме поим што се случува надвор од одморалиштето. Шокантно. Добивам пораки од семејството и пријателите од целиот свет и се ободувам да дознаам што се случува. Се надевам дека сите сте добро. Ви испраќам позитивна енергиа на сите. Останете дома и внимавајте на себе“, порача пејачот.
Неговите обожаватели не знаеле дека Лето е изолиран од светот. Тој однапред ги имал наместено статусите да му се објавуваат на социјалните мрежи.
Текстот Дванаесет дена бил во пустина, Џаред Лето од неодамна дознал за коронавирусот е превземен од Reporter.mk.