Голем број од познатите холивудски ѕвезди имаат купено приватни острови како би ја осигурале нивната приватност. Во потрага за приватност и бегство од будните папараци, голем број од славните и богати личности одлучуваат да купат приватни острови на кои можат да уживаат во вистински мир.
Таков луксуз не можат да си дозволат многумина, а оние кои можат, најчесто се одлучуваат за прекрасните острови на Бахамите, Тахити или пак за дождовната и зелена Ирска.
Џони Деп
Ѕвездата од филмот „Пирати од Карибите“, купи остров на Little Hall’s Pond Cay кој се наоѓа на Бахамите. Дип во 2004 година платил 3,6 милиони долари, а до него патува со својата ексклузивна јахта долга 47 метри.
Мел Гибсон
Познатиот глумец се смета за еден од најбогатите во светот. Гибсон си дозволил во 2005 година остров вреден 15 милиони долари. Островот Маго кој е во негова сопственост има околу 5000 хектари.
Шакира
Колумбиската поп-ѕвезда својот остров Bonds Cay на Бахамите, го дели со фронтменот на „Пинк Флојд“ Роџер Ватерсон и шпанската поп-ѕвезда Алехандро Санзо. Островот тројцата го платиле околу 14 милиони евра.
Еди Марфи
Комичарот е еден од холивудските ѕвезди кои заработуваат најмногу, во 2007 година имаше можност да си дозволи парче од недопрената природа. Островот Rooster Cay на Бахамите Марфи го купи за 13,6 милиони евра.
Николс Кејџ
Кејџ се приклучи на ѕвездите кои поседуваат приватен остров во 2006 година. Тој го купи островот Leaf Cay за 2,7 милиони евра. Претходно тој веќе поседуваше куќа на Бахамите. Неговиот остров се наоѓа во близина на оној кој го поседува Џони Деп.
Леонардо ди Каприо
Островот Blackadore Caye во Белизе е во сопственост на Леонардо ди Каприо уште од 2005 година. Ди Каприо на него изгради зелени луксузни хотели. Филмската ѕвезда го плати овој остров 1,6 милиони евра.
Селин Дион
Пејачката благодарение на својот глас успеа да го купи островот Ile Gagnon во канадската провинција Кебек. Островот е украсен со голема куќа изградена во стил на француски замок.
Памела Андерсон
Ѕвездата од „Чувари на плажата“ во 2007 година од поранешниот сопруг Томи Ли, за подарок доби остров на крајбрежјето на Дубаи. Поради своите грчки корења, таа купи остров во облик на Грција.
Дејвид Коперфилд
Најпознатиот магионичар на светот, купи свој дел од рајот на Бахамите за неверојатни 45,5 милиони евра. The Islands of Copperfield Bay се состои од четири поголеми и седум помали острови, но само Musha Cay служи како приватно одморалиште. Островот може да се изнајми за 40.000 евра за еден ден.
Рики Мартин
Латино ѕвездата уште пред 11 години одлучи да го купи островот Angra dos Reis во Бразил за 8 милиони долари.
Текстот (Галерија) Островски рај за холивудските ѕвезди е превземен од Reporter.mk.