Џенифер Лопез сака да ја купи куќата на Лепа Брена во Мајами, открива српската фолк пејачката и објасни дека сепак нејзиниот имот не е за продажба. Брена вилата ја користи кога престојува во Америка. Во неа се собира и целото семејство, а во неа живееа и нејзините синови Филип и Стефан за време на нивните студирања.
Агентите на холивудската пејачка и глумица Лопез, долго време се распрашувале за луксузниот имот на српската пејачка Брена. Медиумите во Србија пишуваат дека станува збор за вила чија вредност е проценета на околу милион евра. Вилата има 400 квадрати и се наоѓа покрај брег.
Стефан и Филип ја користеа додека студираа, а сега Брена ја користи за семеен одмор. Брена вели дека е воодушевена од тоа што Лопез била заинтересирана за нејзината куќа, но објаснила дека не е за продажба.
„Куќата не е на продажба, но Џенифер секогаш може да дојде на вечера“, изјавила Брена за српските медиуми.
Пејачката и нејзиниот сопруг Слободан Бобо Живојиновиќ пред две години ја купија вилата за 1,5 милиони евра. Агенцијата им побарала прво замена за нивната вила која веќе ја имаат со надоплата, но Брена и Боба одбиле.
Куќата има поглед на море и три спални соби, три купатила, две гостински соби, теретана, спа-центар и базен. За реновирање Брена потроши околу 480.000 евра.
Кога Брена и Боба се преселија во новата вила во Мајами, старата им ја подарија на нивниот син Филип и неговата сопруга Александра Пријовиќ.
Текстот (Видео) Џенифер Лопез ја сака куќата на Лепа Брена е превземен од Reporter.mk.