Додека кралицата Елизабета II е во изолација, нејзините должности ќе ги превземе нејзиниот внук, принцот Вилијам, пренесуваат британските медиуми.
Британската кралица се наоѓа во изолација, поради опасниот коронавирус и со нејзиниот сопруг Филип заминаа во замокот „Виндѕор“ каде секоја година го минуваат Велигден. Годинава одморот го зпочнаа малку порано.
Од резиденцијата во „Виндѕор“ кралицата ѝ се обрати на нацијата.
„Филип и јас стигнавме во „Виндѕор“ и јасно ни е дека ни претстои тежок период. Дека целата земја и остатокот од светот е загрижен за здравјето на сите луѓе. Ви упатувам совет до сите да го промениме нашето секојдневие и да се прилагодиме на новонастанатата ситуација. Треба да го чуваме нашето здравје и да мислиме и на другите, на целата наша заедница, а особено на најчувствителните. Многумина од нас треба да најдат начин да останат во контакт со саканите и семејството и да се осигураат од опасност. Убедена сум дека сме подготвени за таков предизвик. Може да бидете сигурни дека само семејството и јас сме подготвени да ја одиграме нашата улога во ова“, стои на службениот „Инстаграм“ профил на кралското семејство.
Според пишувањето на британските медиуми, во наредниот период кралската должност ќе ја превземе нејзиниот внук Вилијам. Тој е втор во редот за титулата британски крал. Пред него е неговиот татко, принцот Чарлс. Но, тој исто така е подложен од опасноста од зараза па исто како и кралицата се наоѓа во изолација.
Меѓу останатото, можно е принцезата Беатрис, која е деветта по ред за кралскиот престол, да биде именувана за државен советник во овие несигурни времиња. Принцот Хари, кој од 31 март, службено нема да има право повеќе на титулата, исто така би можел да превземе некакви чекори за давање некаква помош на кралското семејство, велат експертите.
Текстот Кралицата е во изолација, нејзините должности ќе ги превземе принцот Вилијам е превземен од Reporter.mk.