Харви Вајнштајн заврши во најстрого чуваниот затвор во Њујорк

Поранешниот филмски продуцент Хари Вајнштајн во средата беше пренесен во најстрого чуваниот затввор во државата Њујорк. Вајнштајн треба да ја отслужи 23 годишната затворска казна за сексуален напад и силување.

Тој е пренесен во затворот „Венди“ во Алден источно од Бафало, е објавено на интернет страницата на државниот затвор во Њујорк. Најрано може да биде ослободен на 9. ноември 2039 година.

Вајнштајн по судската пресуда на 11. март, беше пренесен во затворот „Рикерс“ во Њујорк, а сега го чека долготрајно издржување на казната.

Поротата на 24 февруари го прогласи Вајнштајн за виновен за сексуален напад врз асистентката Мими Хали и силување на поранешната глумица Џеси Мен, но е ослободен од вината по најтешката точка по обвинението дека е сексуален предатор, нешто за што можеше да добие доживотен затвор.

Движењето #MeToo кое настана како платформа против злоставувањата на Вајнштајн се прошири низ целиот свет и веднаш ја поздрави донесената пресуда. Обвинителите за време на судењето го прикажаа Вајнштајн како сериски предатор кој манипулирал со жените ветувајќи им блескави кариери во светот на филмот и намамувајќи ги во хотелски соби и приватни апартмани, каде потоа ги напаѓал.

Вајнштајн е обвинет за сексуални напади и во Калифорнија, а десетина жени поднеле против него и граѓански тужби. По пресудата на 11 март, Вајнштајн беше пренесен во затворот „Рикерс“ во Њујорк. Неколку часа подоцна бил пренесен во болница на Менхетен поради срцеви проблеми. Неделава пак беше вратен во „Рикерс“ според зборовите на неговата портпаролка Џуди Енгелмаерс. Одбраната вели дека ќе поднесе жалба на пресудата во јули.

Марк Дејвид Чапман, убиецот на Џон Ленон во 1980 година, отслужи дел од казната во затворот „Венди“, како и Роберт Чамберс, кој ја задави Џенифер Левин во њујоршкиот затвор „Централ Парк“ во 1986 година. Во затворот се спроведува програма за сторителите на сексуални злосторници, е наведено на страницата.

Вајнштајн во животот има добиено награда од Академијата за продукција на „Заљубениот Шекспир“, а продуцент е и на познатите филмови како што се „Англиски пациент“ и „Бандите на Њујорк“.

 

 

Текстот Харви Вајнштајн заврши во најстрого чуваниот затвор во Њујорк е превземен од Reporter.mk.