Глумецот Арнолд Шварценгер повторно апелираше на социјалните мрежи до сите, да не излегуваат и да се мешаат во групи, затоа што на тој начин полесно ќе се заразат со коронавирусот.
Популарниот „Терминатор“ објави видео како ужива во џакузи и пуши пура и вели дека му е одлично додека е дома. Повремено излегува да се повози со својот точак, но тоа е сè.
„Имав мал тренинг и се пововиз со велосипедот. Докторот ми рече дека тоа е во ред, се додека не правам застанувања и средби со други луѓе. Нема селфиња, простете. И понатаму гледам фотографии од целиот свет и снимки од луѓе како седат по кафичи и ресторани. Останете дома. Да вие спринг брејкери, исто така. Не е време за тоа. Тоа не е паметно затоа што така можете да се заразите од вирусот“, изјави Арнолд.
Глумецот претходно објави видео од домашен карантин, заедно со неговите миленичиња пони и мазга. И тогаш Шварценгер им порача на сите да останат дома.
Stay. At. Home. That means you, too, spring breakers. pic.twitter.com/jUOgjLaOGN
— Arnold (@Schwarzenegger) March 18, 2020
Шварценегер во изолација со пони и мазга апелира до луѓето да останат дома
Текстот (Видео) Шварценгер ужива во џакузи, актерот апелира да избегнувате гужви за да не се заразите е превземен од Reporter.mk.