Најновиот ловец на планети, што NASA го лансираше во вселената во април, веќе успеа да се пофали со првата планета што ја откри.
NASA објави фотографија од јужното небо на која може да се видат стотици илјади ѕвезди што дополнително ќе бидат анализирани во потрага по траги од поминувањето на планетите пред нив.
In case you missed it, visit https://t.co/EzlqGOwzpH to download high resolution images of @NASA_TESS's "First Light" pic.twitter.com/jXRhneVqpf
— NASA_TESS (@NASA_TESS) September 18, 2018
Станува збор за првата фотографија што ја снимија сите четири камери на сателитот TESS на која е опфатено подрачјето што ќе се анализира. Тоа беше само загревање.
Експертите на NASA потоа објавија нацрт на проектот чија тема на истражување е првата планета што ја откри TESS. Тие наведуваат дека станува збор за „Супер-Земја“ што се наоѓа во орбитата на ѕвездата Пи Менса што е оддалечена 60 светлосни години.
The @NASA_TESS team is excited to announce the mission's first candidate planet — a super-Earth around the bright star Pi Mensae, nearly 60 light-years away. The planet orbits every 6.3 days. The discovery is now being reviewed by other scientists to validate it. Stay tuned!
— NASA_TESS (@NASA_TESS) September 19, 2018
NASA го потврди откритието на потенцијалниот кандидат што ќе се запише на листата на планети. Новооткриеното небесно тело што е слично на Земјата, орбитира околу својата ѕвезда за 6,3 дена.
Супер-Земјата не е сама. Блиску до неа се наоѓа уште една планета, десетина пати поголема од Јупитер, на која ѝ се потребни 2.100 денови за да орбитира.
NASA исто така го соопшти и откривањето на ѕвездата LHS 3844 што е оддалечена 49 светлосни години, а нејзината планета што доб ознака LHS 3844b ја обиколува за само 11 часа.
Извор: B92.net
Текстот NASA: Ловецот на планети откри нова „Супер-Земја“ е превземен од USB.mk.