20 најубави жени на сите времиња

Низ историјата, срцата на публиката ги освојуваа и сè уште ги освојуваат овие прекрасни пејачки.

Освен со гласот, многу од нив јавноста ја маѓепсале со својата снага, став, но и убавина.

Постои ли некој што денеска не знае која е Мадона, Шер или Бијонсе? Тие три се дел од нашата листа на 20 најубави пејачки на сите времиња. На некои од нив пеењето им беше главна преокупација, други имаа излети и во актерските води, како актерката Мерилин Монро, но факт е дека сите оставија трага.

Иако некои од нив не се повеќе меѓу нас, зад нив останаа хитовите во кои уживаат и новите генерации.

И секако дека убавината е во очите на набљудувачите и дека некои ќе се сложат со изборот додека другите имаат некои свои фаворити, но ако ништо друго, барем во нашата фотогалерија ќе се присетите на некои лица со кои сте пораснале, но и со лицата со кои раснат денешните млади.

Текстот 20 најубави жени на сите времиња е превземен од Reporter.mk.