Постојат личности кои, едноставно, не сакаат да седат дома. Затворени, тие не знаат што со себе. Според астролозите, изолацијата најтешко им паѓа на луѓето родени во знакот на близнаци, вага и овенот.
Близнаци
На близнаците им е веќе доста од сè и сакаат да се забавуваат. За нив е незамисливо да ја поминуваат секоја вечер во домот со книга или ТВ-серија. Тие се едноставно многу отворени и многу друштвени личности кои не се научени да уживаат сами.
Вага
Вагите се зависни од другите луѓе кога станува збор за забавата и разонодата. Иако не „лудуваат“ како близнаците, на вагите вистински им недостасуваат дружењата и забавите, па веќе сега планираат што ќе прават за неколку месеци, каде ќе патуваат и со кој ќе се видат.
Овен
На овните им фали авантура. Тие се вистински авантуристи на кои денот не им е добар ако во него не дознале нешто ново и направиле нешто спонтано или тотално лудо. Иако некои овни делуваат затворено, кога ќе ги запознаете ќе сфатите дека тоа е далеку од вистината. Сепак, она што ги разликува од екстровертните близнаци е фактот дека знаат да уживаат сами.
Текстот Хороскопски знаци што најтешко ја поднесуваат изолацијата е превземен од Reporter.mk.