Компанијата Sony има намера да користи 100% од енергијата од обновливи извори, за сите свои деловни локации до 2040 година. Минатата година енергијата од обновливи извори учествувала со само 5% од потрошувачката ан енергија во компанијата. Со цел да се успее во постигнувањето на планот, Sony соопшти дека ќе го зголеми користењето на енергија од обновливи извори во Северна Америка и Кина, и ќе ја промовира изградбата на фотоволтаични постројки во своите производни погони во Јапонија и Тајланд. Со овој потег, Sony се приклучува на глобалната иницијатива RE100 (REnewables 100%), која ја сочинуваат најголемите светски компании (Facebook, Google, Goldman Sachs и Microsoft) кои исто така се обврзани за 100% користење обновлива енергија.
Текстот Sony има амбиција да стане целосно „зелена“ компанија е превземен од USB.mk.