Пет пиштоли кои биле користени во филмовите за Џејмс Бонд, се украдени од куќа во северен Лондон, соопшти британската полиција. Меѓу нив бил и пиштолот што го користел Роџер Мур кога последен пат го глумел тајниот агент 007.
Според полицијата осомничените имале источноевропски акценти. Полицијата проценила и дека вредноста на пиштолите, кои се неактивни, е околу 112 илјади долари.
Меѓу украдените модели се „берета чита“, која се појави во „Умри друг ден“, „валтер ППК“ од „Поглед на убиство“ и револвер „смит и вестон .44 магнум“ од „Живеј и остави ги другите да умрат“.
„Повеќето од овие модели се незаменливи. Украдениот ‘магнум‘, на пример, е единствениот ваков модел целосно изработен од хром“, изјавил инспекторот Пол Ридли.
Текстот Украдени пет пиштоли од филмовите за Џејмс Бонд е превземен од Reporter.mk.