Клаудија Шифер, која во 1990те години важеше за еден од петте светски топ-модели, во интервју за магазинот „Ел“ раскажува за времето кога беше на врвот на популарноста. Таа вели дека во тоа време, јавноста се однесувала со неа, со Синди Крафорд, Линда Еванелиста, Кристи Тарлингтон и Наоми Кембел како со рок ѕвезди, а не модели.
„На модните ревии постојано ми ја крадеа долната облека. Секогаш ми фалеше градник, или гаќички. Не знаев како да се справам со ова, па на крајот изнајмив обезбедување да ми ја чува само долната облека“, вели таа во интервјуто.
Клаудија, која сега има 49 години и е мајка на три деца, открила дека жали за само една работа во кариерата – што одбила да се појави во спотот на Џорџ Мајкл за песната Freedom.
„Во тоа време работев на многу кампањи, имав големи договори и мислев дека појавувањето во спотот не е добро за мојата кариера. Не ни можев да замислам дека ќе биде едно од најкултните видеа на сите времиња. Криво ми е затоа што во него се појавија сите други топ-модели, само јас реков НЕ“, открила Шифер.
Таа вели и дека во 1990те животот ѝ бил навистина луд. Луѓето сакале да се сликаат со неа, барале автограми, а кога таа и нејзините колешки излегувале од автомобил, обезбедувањето морало да им го расчистува патот за да поминат.
„Луѓето ги сечеа шаторите во кои се преоблекувавме и подготвувавме за ревија или снимање само за да нè сликаат. Не можам да ви опишам колку тоа беше лудо“, додала таа.
Текстот Клаудија Шифер плаќала обезбедување да ѝ ја чува долната облека е превземен од Reporter.mk.