Фрази што треба секојдневно да им ги кажувате на децата

Децата се како сунѓер, впиваат сè што ќе кажете. Ако од ден во ден слушаат само критики и приговори, ќе пораснат во несигурни луѓе. Кога родителите го исполнат детето со љубов и поддршка, тоа го копира и го пренесува тоа однесување кога ќе порасне самото.

Кои изрази треба да ги повторувате на синот или ќерката секој ден кога ќе пораснат во јаки и здрави луѓе?

Те сакам

Психолозите се сложуваат дека „Те сакам“ е изјава која на децата им треба како воздухот. Детето мора да знае и да чуе дека е драгоцено за родителите. Додајте „многу силно“ за да го зајакнете ефектот. Љубезниот збор кон детето во била која возраст нема да му наштети.

Не плаши се. Сигурен си.

Оваа фраза е исто така многу важна, особено во првите години од животот. Детето кое се чувствува сигурно покрај родителите многу е помалку веројатно дека ќе стапи во контакт со лошо друштво. Како ќе расне, така потребата за оваа фраза исчезнува и може да се замени со „Те разбирам и те поддржувам“.

Многу си добар

Зборовите кои ја нагласуваат позитивноста кај детето во целина, нејзините важни и корисни особини.

Многу си убава

Разговор со девојчињата е особено важен. Иако момчето исто така мора да го чуе изразот „Многу си убав“, бидејќи има позитивно влијание врз детската самодоверба.

Паметен си

Исто, не заборавајте да му повторувате на детето дека е многу паметно. Имајте го тоа на ум кога синот или ќерката смисли нешто интересно, реши некоја важна задача или направи нешто мудро.

Те слушам внимателно

„Кажи ми, многу ме интересира“, овие значајни позитивни фрази го повикуваат детето на разговор и покажуваат родителска спремност да му посветат време на детето. Важно е да му објасните на детето кое ја формира свеста за себе како личност дека неговите зборови имаат значење за родителите.

„Ќе успееш“

Корисно е да му кажете пред нешто да постигне – пред да положи испит, да зборува на натпревар, да пее на концерт. Морате да му покажете дека верувате во него и дека го поддржувате.

Ти си сакана личност

Нагласува не само биолошка сродност, туку и духовна. Спремност да бидете близу во било која ситуација, без разлика на тоа што се случило.

Животот е среќа! Светот во кој живееш е голем и убав!

Формираме позитивен став спрема светот околу нас. Тоа не значи дека треба постојано да носите розови наочари само за да бидете во состојба да се фокусирате на позитивните аспекти на животот и нашиот свет.

И, секако, не заборавајте да го изговарате името на синот или ќерката. За секоја личност, дете или возрасна, многу е важно своето име да го слушне од другите луѓе.

Текстот Фрази што треба секојдневно да им ги кажувате на децата е превземен од Reporter.mk.