Дутерте нареди да биде убиен секој кој нема да го почитува карантинот

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте предупреди дека полицијата и војската ќе можат да го убијат секој граѓанин кој нема да ја почитува наредбата за едномесечен карантин, со која властите во земјата се надеваат дека ќе можат да го спречат ширењето на коронавирусот.

„Нека биде ова предупредување до сите да ја слушаат владата во ова време, затоа што клучно е да се има ред. И немојте да ги повредите здравстените работници, затоа што тоа е сериозен злостор“, изјавил Дутерте обраќајќи се на нацијата.

Потоа и нареди на војската и полицијата дека ако некој создава неволји и ги загрозува другите, да биде стрелан. Дутерте издаде предупредување до сите жители во главниот град Манила. Тие протестираа затоа што не земале никакви пакети храна и други залихи, откако пред две недели почнал карантинот.

Силите на безбедноста и полицијата иако ги предупредија жителите да се вратат во своите домови, тие одбиле. Во нивниот извештај се вели дека и покрај отпорот кој го давале, тие успеале да ги разбијат протестите и да уапсат 20 лица. На Филипините досега од коронавирус починаа 96 луѓе, а заразени се 2311 лица.

Текстот Дутерте нареди да биде убиен секој кој нема да го почитува карантинот е превземен од Reporter.mk.