Пролетта е најубавото годишно време, но оваа година најверојатно ќе ги поминеме сончевите пролетни денови во карантин. Наместо пролетни фустани и сандали со висока потпетица, деновите ги поминуваме во пижами. Ви предлагаме нив веднаш да ги исфрлите, бидејќи тие се „замка за тага“. Нема да ве мотивираат, иако во нив се чувствувате најудобно.
Не мора веднаш да преземате „сериозни мерки“ и да ги носите најубавите фустани низ дома, но удобните тренерки и топлите комплети ќе ви помогнат да си го поправите расположението.
Кога станува збор за модните додатоци, ви предлагаме топли и удобни папучи. Косата врзете ја во неуредна пуџна.
За вас избравме 30 модни комбинации кои ќе ве инспирираат и ќе направат деновите дома да бидат што е можно поугодни.
Текстот Mодни комбинации за секој ден од април – Дотерајте се додека седите дома е превземен од Reporter.mk.