Познатата холивудска двојка Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс велат дека датумот на раѓање бил тема на разговор за време на нивната прва заедничка средба. И двајцата се родени на ист ден, само со разлика од 20 години.
Нивната средба се случила за време на филмскиот фестивал во Довил, каде ги споил нивниот заеднички пријател и колега, актерот Дени де Вито.
„За прв пат кога ја видов се воодушевив. Таа вечер и реков дека ќе бидам татко на нејзините деца. Штом и го реков тоа си помислив дека си ги уништив своите шанси“, изјавил Даглас.
Двајцата во хороскоп се ваги и родени на 25 јуни. Мајкл е син на легендарниот актер Кирк Даглас (101) и Диана Дил која почина на 92 годишна возраст. Првата улога ја имал во 1969 година, истата година кога е родена Кетрин Зета Џонс.
Актерката од мали нозе почнала да се занимава со глума, а уште во младоста ја напуштила Европа и преселила во Лос Анџелес каде живеел Мајкл. Пред да се сретнат, и двајцата зад себе имаат богато љубовно минато. Кетрин Зета Џонс пред да биде со Даглас, во својот живоит била со четворица мажи, додека Мајкл бил во врска со филмската продуцентка Диандри Лукер со која го има синот Камерун (39). По 18 години брак, престанале да живеат заедно, но разводот му бил финалинзиран дури година дена подоцна.
Својата љубов јавно ја потврдија во 1999 година. Т
Текстот Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс слават роденден на ист ден е превземен од Reporter.mk.